Пазарот за стари работи на аеродромот Аџи Тепе?!

Паркинг просторот каде што е лоциран пазарот за стари работи во Долно Којнаре кој не е наменет за таква дејност, ќе биде дислоциран најави градоначалникот Максим Димитриевски.

Една од можните локации, според Димитриевски е спортскиот аеродром Аџи Тепе.

– Имаме делумно импровизиран паркинг простор кој е под владение на ЈП „Пазаришта“ кој не ги задоволува потребите на тој пазар кој вие го нарековте „бувљак“, но всушност тоа е сточен пазар во градот, кој работи два дена и многу повеќе е се, отколку за основната намена. Како и да е се бараат алтернативни решенија, тој пазар кој е тука лоциран во иднина да биде дислоциран на друга локација. Една од можните локации е аеродромот Аџи Тепе за времена намена за организирање на таков пазар, за да може да се растерети овој овде за да биде во функција за тоа што е наменет, а тоа е сточен пазар, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.