Едукативна презентација и вежби за ментално здравје

Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“, Меланија Лазаревска, Теодора Николовска, Дарија Трендафиловска, Ева Цветановска и Леонид Алексовски со поддршка од Лара Цветковска изминатата седмица успешно допреа до 74 ученици од втора и четврта година, со цел да го поттикнат нивното размислување, и да ги охрабрат да зборуваат за важноста на менталното и емоционално здравје“, информираат од здружението „Доверба“.

За таа цел, според „Доверба“ подготвиле едукативна – емотивна презентација и вежби за ментално и емоционално здравје која привлече внимание, разбирање и отворен дијалог. На работилниците присуствувале нивните професорки и претставнички на стручната служба, психолог и педагог.

Активностите се во рамки на проектот „Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” поддржан од Екуменска иницијатива жена Омиш.