Центарот за истражување и одржување на традиција „Етно фолк студио” – Куманово вчера во ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово ја претстави етно собата во рамките на одбележувањето седум години од постоењето, објави општина Куманово.
Во етно собата изложени се делови од македонски народни носии од различни краеви на државата и орнаменти, кои го отсликуваат културно – историското богатство и традиција на Македонија.
Поставката ќе биде изложена пет дена, а целта е да се негува и сочува сето она што долги години со огромен труд и ангажман е создавано на македонското тло.
