Ќе се проширува патарината Миладиновци

Наплатната станица кај Миладиновци, за влез и излез од Скопје, ќе биде проширена со уште една лента од десната страна, најави директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, при неодамнешната посета на Куманово. Се подготвува и нова одлука за поголемо поминување на патарините со тагови, а не со пари во готово или платежна картичка.

– Не е само таа патарина, туку 5-6 кои беа финансирани од Светската банка, беа тука многу закочени работите, успеавме по неколку месеци да бидат откочени работите, ќе се прави уште една лента од десната страна и со тоа да се зголеми протокот, бидејќи тоа е еден од најтесните грла на патарините во Република Македонија и се надевам дека за неколку месеци и тоа ќе биде решено. Можам да кажам дека подготвуваме и нова одлука со која ќе гледаме што повеќе да имаме поминување на патарините со тагови. Ако сега имаме 35.000 тагови планираме да дојдеме до 200 – 300 илјади, слично како што е во Србија, а тие да важат и во Србија, Грција и Хрватска, и се надевам дека до летото тоа ќе го направиме, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП

фото: архива