Православните верници денес го одбележуваат празникот Источен Петок -Балаклија, кој доаѓа во првиот петок по Велигден и е посветен на Мајката божја и нејзините чуда.
Во Куманово традиционално централното чествување на Балаклија е во црквата „Света Петка“ во Бедиње каде што се собираат голем број верници, се служи литургија, граѓаните палат свеќи, се поклонуваат пред иконите, сечат колач.
Традиционално, на Балаклија во „Света Петка“ се избира и кум на прославата за наредната година.
На Балаклија се јаде мрсна храна иако се паѓа во петок.
