Дератизација и прв третман против бубашваби следната седмица

На 28.04., 29.04. и 30.04.2025 година (понеделник, вторник и среда) во 08.00 часот, ќе се изврши дератизација и прв третман против бубашваби на територија на општина Куманово, објави општина Куманово. Третманот ќе се спроведе во шахти на постоечката канализација, со употреба на препарат ФЛИТРИН 6,14 со активна материја PERMETHRIN I TETRAMETHRIN.

Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден, велат од општината.