Во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово, во тек е ажурирање на постоечкиот План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на Општина Куманово (2022-2026), кој е усвоен и одобрен од Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање и Совет на Општина Куманово, објави општина Куманово.
На 28.04.2025 година (понеделник) во 12.00 часот во зградата на поранешни општествено – политички организации, ќе се одржи Јавна расправа за ажурирање на постоечкиот План за подобрување на квалитет на воздух, со дополнителни предлог мерки за справување со загадувањето.
Општина Куманово ги покануваме сите заинтересирани граѓани и НВО да земат учество, со цел, како што велат, да делуваат што поефикасно во справувањето со загадувањето на воздухот.
