Гимназијата „Гоце Делчев“ претстојниот патронен празник ќе го одбележи на петти мај годинава (понеделник).
Според програмата за чествување на празникот на училиштето, во 11 часот ќе биде положено цвеќе пред бистата во дворот на Гимназијата, во 12 часот ќе бидат доделени благодарници на успешни ученици и нивните ментори, а од 11 до 15 часот ќе има Отворен ден во пресрет на новата учебна година.
По повод прославата на патрониот празник на Гимназијата ќе се организира и пријателски натпревар во фудбал, на втори мај, со почеток од 12 часот, на училишниот терен на средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Пријателски ќе играат фудбал екипи на Гимназијата и на „Наце Буѓони“.
