До трети мај ќе трае акцијата за собирање кабаст отпад

Од денеска до трети мај ќе трае акцијата за собирање на кабаст отпад во организација на ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово по насоки дадени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцијата ќе се реализира на три локации:

-во Агино село кај црквата

-на влезот на село Черкезе ( железнички премин )

-на излезот на технички преглед „Ауто-Фер“ ( на пат за село Режановце ), информираат од комуналното претпријатие.