В понеделник седница на Совет на Општина Куманово

Советот на Општина Куманово в понеделник ќе одржи редовна седница на која советниците ќе имаат можност да дискутираат за 13 точки од дневниот ред. Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.

Исто така в понеделник, Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе го одбележи патрониот празник, а од 11 до 15 часот ќе биде организиран и Отворен ден во пресрет на новата учебна година, на кој ќе бидат промовирани подрачјата кои се изучуваат во Гимназијата.

Истиот ден, во 12 часот во Занаетчиски дом по повод 5 мај – Ден на македонскиот литературен јазик ќе се одржи свечена академија – 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.