ВИДЕО: „Графити фест“ во Куманово од седми до десетти мај

Од седми до десетти мај годинава ќе се одржи седмиот по ред „Графити фест“ во организација на здружението „Форма“.

Уметници од Македонија, но и од повеќе европски држави годинава во близина на Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе цртаат графити и мурали на слободна тема.

Повеќе детали за меѓународниот фестивал од изјавите на организаторите Дејвид Стоилковски и Горан Стојанов од здружението „Форма“.