Aтлетски клуб „Куманово“ – најуспешен тим на Државното првенство во атлетика за сениори
10 златни, 9 сребрени и 5 бронзени медали освоија атлетичарите од Атлетски клуб „Куманово“ на Државното првенство за сениори кое изминатиот викенд се одржа во Скопје.
Со оглед на постигнатите одлични резулати, атлетски клуб „Куманово“ всушност е најуспешниот тим на првенството.
Теа Алексовска од Куманово постави нов државен рекорд во дисциплината фрлање диск за младинки. Таа постигна резултат од 37,71 метри и се закити со златен медал, а успеа да освои злато и во фрлање на кладиво.
На првенството учествувале повеќе од 130 натпреварувачи во над 20 дисциплини.