ВИДЕО: Со инстант лозовите на Државна лотарија до големи парични добивки
Со „Хороскоп“ – новиот инстант лоз на Државна лотарија до богат фонд на добивки и понуда на 5 премии по 500 000 денари, 10 добивки по 100 000 денари, 15 добивки по 50 000 денари и други помали парични добивки. Најновиот член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија ги комбинира астрологијата и нумерологијата, па играчите може да уживаат во забавна потрага по истоветни симболи (хороскопски знаци) и броеви со добитните симболи и броеви, коишто се кријат во полето за гребење, и да добијат дури четири добивки на еден лоз.
Големи парични добивки ги очекуваат граѓаните и со веќе добро познатите инстант лозови „Калинка“ и „Златна треска“.
Ги прашавме кумановци колку често ја предизвикуваат среќата со новите инстант лозови од Државна лотарија.
Инстант лозот „Калинка” во својата понуда има 7 премии по 700 000 денари, 15 добивки по 70 000 денари и други парични добивки.
Инстант лозот „Златна треска“ содржи 5 премии по 585 000 денари, 10 добивки по 100 000 денари, 15 добивки по 50 000 денари и други парични добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија потсетува на обврската за одговорно учество во игрите на среќа кои што не се наменети за млади под 18 години.