ВИДЕО: Спортската сала ќе биде отворена на 21 јули летово

Со натпревар на македонската младинска репрезентација на 21 јули годинава ќе биде пуштена во употреба спорската сала, најави градоначалникот Максим Димитриевски. Натпреварот ќе биде во рамките на на Европскиот  младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 чиј домаќин ќе бидат Куманово, Скопје и Осиек.

Во спортската сала во Куманово ќе се одржат натпревари во три дисциплини.

Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет, поддржан од Владата, но и од општина Куманово.

Сите спортски натпревари ќе бидат бесплатни за посетителите.

– Ние добивме како град признание, како град во кој во континуитет се развива спортот, но и се вложува во спортската инфраструктура и во рамки на овие активности на 21 јули ќе биде пуштена во употреба и нашата кумановска спортска сала со натпревар на македонската младинска репрезентација во кошарка, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.