ВИДЕО: Помал број пожари во општина Старо Нагоричане годинава од лани
Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на опожарен смет на улицата „Тоде Мендол“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, вчера и пожарникарите од единицата на Старо Нагоричане гаселе опожарена сува трева.
Инаку, од почетокот на годинава, Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане евидентира помал број на пожари споредбено со истиот перод лани, соопшти командирот на единицата Далибор Трајковски. Тој апелираше до жителите и до сопствениците на викенд- куќите да не палат оган на отворено, а пак, доколку забележат пожар веднаш да пријават на 193 или на бројот 112 за итни случаи.