ВИДЕО: Стошевски: Постепено се набавува потребната опрема за одделенијата во болницата
По реконструкцијата на одделот за детски болести, ќе бидат обновени и одделот за неврологија, кујната и пералната во кумановската болница.
Надлежните од јавната здравствена установа се надеваат дека за реализацијата на предвидените проекти ќе бидат обезбедени средства и од од ресорното министерство.
-Реконструкцијата на детското одделение е завршена благодарение на општествено- одговорна компанија и здруженија. Се планира реконструкција на кујна и перална, нормално со помош од министерството за здравство бидејќи ние немаме средства за толкав голем зафат, се планира реконструкција на неврологија, во преговори сме со општината за реконструкција на севкупното дворно место на болницата со асфалтирање, со изградба на пешачки патеки и со паркинг простор, со излез на улицата „11 Ноември“ за да го намалиме тесното грло што го имаме кај Ургентниот центар, тоа е проект на претходниот менаџер, го продолжуваме.
За 2026 година планираме покрупни зафати, секако со помош на министерството. За 2025 година е планирана набавка на опрема за сите одделенија што ги имаме во болницата кои ги доставиле своите потреби заклучно со 31 декември 2024 година, тоа е разгледано од стручен колегиум, разгледано на управен одбор и е направена програма за набавка на тие апарати. Постапките се во тек, едно по едно се набавува, исто така имаме и доста донации од општествено -одговорни компании кои донираат одредена опрема и сме благодарни за тоа, изјави Сашо Стошевски директор на ЈЗУ Општа болница Куманово