Пријава за „бесправно градење“ и за „ несовесно работење во службата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 51 -годишен кумановец и правно лице од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против 60 -годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, во 2023 година, првопријавениот, управител на пријавеното правно лице, без соодветно одобрение изградил две градби од втора категорија, за што третопријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила и при извршен вонреден надзор погрешно ја констатирала фактичката состојба, составувајќи два записници со невистинити податоци дека првопријавениот изградил монтажна настрешница како времен објект.