ВИДЕО: Во тек се јавни повици за аплицирање од земјоделците, најголем интересот за трактори

Од седми јуни годинав тече јавниот повик за мерка 121 – Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства и тоа за набавка на трактори од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година. Краен рок за поднесување на барањата до Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е 07 јули годинава.

Паралелно, активни се уште два повика, за набавка на приклучна земјоделска механизација и за инвестиции во опрема.

За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник.

Право на аплицирање имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 11 јули 2025 година.

Раководителот на регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Куманово, Џабир Рамадани информира дека земјоделците имаат најголем интерес за набавка на трактор.