Опожарен е објект за резервни делови на улицата „Индустриска“ во населба Бедиње, кај плацот за отпад Манта и ниска вегетација, информираа утрово од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, екипите на ТППЕ Куманово интервенирале во периодот од околу 18 часот, па се до 02 часот по полноќ.
Причината за пожарот, како и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат од надлежните органи.
Во текот на вчерашниот ден, пожарникарите гаснеле и опожарена сува трева на повеќе локации , во населбата Перо Чичо, во Долно Којнаре и во липковското село Ваксинце.