По повод Светскиот ден на бегалците, на 20 јуни во просториите на Црвен крст Куманово беше организирана едукативна сесија со цел подигнување на свеста за прашањата поврзани со бегалците и мигрантите. Присутните волонтери ги едуцираше Тамара Бошковска, а тие имаа можност да се запознаат со значењето на терминот „бегалец“, поимот „миграција“, причините за миграцијата, како и улогата и Црвениот крст во одговор на мигрантски и хуманитарни кризи.
„Во рамките на едукацијата беше одржана и дисеминациска сесија, насочена кон запознавање на новите, но и потсетување на постоечките волонтери со основните принципи, историја и активности на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Двете сесии беа проследени со активно учество на 19 волонтери, кои преку дискусија, прашања и интерактивен пристап го проширија своето знаење“, се вели во објавата на Црвениот крст од Куманово.