Повредени четири лица во сообраќајна незгода
Ноќеска половина час по полноќ, во СВР Куманово било пријавено дека наул.„523“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 26-годишен жител на село Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според надлежните, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16-годишен сопатник, сите од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.