Исчезнато 12-годишно девојче, случајот пријавен во полицијата

Дванаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено за исчезнато, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово

Според пријавата во полицијата, на 24.06.2025 во 04.30 часот во СВР Куманово, Д.Т.(34) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка К.И.(12).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во соопштението од СВР Куманово.