Се одржа Локален совет за превенција

Во општина Куманово денес се одржа Локален совет за превенција во врска со актуелните опожарувања на територијата на општината и превенција од пожарите.

Се разговараше за актуелните пожари на територијата на општина Куманово, кои во овој период се во сè поголем број. Беа потенцирани и најкритичните точки каде се случуваат пожарите, а тоа се локалитетите: Стари Лозја и Бавчи.

Како предлог на состанокот беше да се изготви оперативен план од страна на претставници од надлежни инстутуции за детектирање на предизвиците, намалување на бројот на пожарите, навремено дејствување и пронаоѓање на сторителите.

На состанокот беа донесени следниве заклучоци:

-заедничко делување на тимови од комунална инспекција, СВР Куманово и членови на Советот на Општина Куманово кои ќе ги посетат критичните делови на градот и ќе делуваат превенитвно со локалното население;

-ТППЕ Куманово да обезбеди мобилна опрема за гасење на пожари (напртњачи и челични метли) и да ги стави на располагање на СВР Куманово, како би можеле дополнително со оваа опрема да ги задолжат своите тимови и при воочувања на овие пожари да бидат во можност да делуваат;

-во понеделник, 30.06.2025 во 12 часот, ќе се одржи состанок на Општински штаб за заштита и спасување кој ќе даде насоки за конкретно делување во следниот летен период, каде што, поради високите температури постои можност за појава на голем број пожари на територија на општина Куманово и регионот.

-ЈП „Чистота и зеленило“ ќе отпочне  со интензивни активности за расчистување на диви депонии во градот, каде постои ризик од пожари.

-во тек на наредната недела да се одржи состанок помеѓу општина Куманово, СВР Куманово и сопственици на мотокултиватори, како создавачи на диви депонии, со цел да се спречи оваа појава.