ВИДЕО: Зголемен интересот за имунизација на дечињата
Се зголемува бројот на дечињата кои што заради уписот во градинка или во прво одделение периодов се вакцинираат согласно редовниот календар за имунизација. Не целосно вакцинираните не добиваат потврда за прием, информираат од Детскиот диспанзер при Здравствен дом Куманово.
Во Куманово вакцинацијата против МРП, како и изминатите години има најмал регистриран опфат и изнесува околу 40 проценти.