Кумановецот Далибор Стаменковиќ учествуваше на европскиот самит за кондициони тренери – ESCCA Summit во Торино
Кумановецот Далибор Стаменковски, кондиционен тренер во КК Куманово и персонален тренер во фитнес центарот „Максфит“, зеде учество на најголемиот европски самит за кондициони тренери – ESCCA Summit, кој се одржа во Торино, Италија, во периодот од 27 до 29 јуни.
Настанот ги собра водечките имиња од областа на спортската подготовка, а меѓу предавачите се најдоа тренери кои работат со врвни европски клубови како Барселона, Реал Мадрид, Фенербахче, Басконија и Виртус Болоња.
Учесниците имаа можност да разменат искуства, стекнат нови знаења и се запознаат со најсовремените методи и пристапи во физичката подготовка на спортистите.
Стаменковски со своето присуство на овој престижен самит го претстави Куманово и ја потврди својата посветеност кон професионалниот развој и квалитетната спортска подготовка. Неговото учество на ESCCA Summit претставува дополнителен импулс за унапредување на кондиционата подготовка во македонскиот спорт.