Мартин Костовски – кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ
Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски е кандидат за градоначалник на општина Куманово на претстојните локални избори, објави вчера попладне претседателот на СДСМ Венко Филипче.
„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша Костовски во својата објава на ФБ.