ВИДЕО: Граѓаните од месната заедница „Панче Пешев“ бараат итно и трајно решение на проблемот со пожарите

Граѓаните од месната заедница „Панче Пешев“ вчеравечер организираа состанок на кој се разговараше за проблемите од речиси секојдневното опожарување на смет, отпад, градежен шут, гуми на потегот од Спомен костурница па се до влезот на населбата Перо Чичо.

Граѓаните кои што постојано се изложени на густ чад и непријатна миризба загрижени се за своето здравје, но и за безбедноста во тој дел од градот.

Ако за 15 дена не се донесе трајно решение за проблемот најавија дека ќе го блокираат булеварот „Октомвриска револуција“.