Државниот првак на Македонија, осумгодишниот Јован Јовановски од Куманово го освои првото место во поединечните младински првенства во шах за момчиња и девојчиња во категориите до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години, што се одржа во јуни во Струмица во организација на Шаховската федерација на Македонија.
Јован како член на градскиот шаховски клуб Куманово последните три години има освоено19 медали и пет пехари на општински, државни, европски и светски младински првенства.
На следниот натпревар што ќе се одржи во Параќин, Србија малиот Јован ќе се натпреварува со возрасни, што пак, претставува дополнителен предизвик за него.
„ Малиот Јован достојно го претставува градот и самиот шаховски клуб. Како државен првак Јован ќе се натпреварува на европското првенство во ноември годинава во Будва. Шахот е одлична игра кој дури во 14 училишта во Куманово се изучува како изборен предмет. Се надеваме дека со градскиот шаховски клуб ќе продуцираме исклучителни шахисти“ , изјави потпретседателот на Шаховската федерација на Македонија Агим Шемшиу.