ВИДЕО: Изгаснат пожарот во Длабочица, опожарени педесетина хектари шума

Дабова и борова шума изгоре на површина од педесетина хектари во пожарот во село Длабочица кој целосно е изгаснат вчеравечер, информираат надлежните од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Гаснењето на пожарот кое траеше два дена било отежнато заради карпестиот, непристапен терен за противпожарните возила. Во целосното локализирање на пожарот биле вклучени и екипи на ЈП „Национални шуми“, волонтери од здружението „Карпино“, месното население, пожарникари од Ранковце.

Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски смета дека барем во летниот период треба да бидат ангажирани дополнителен број на пожарникари за поефикасна интервенција на терен. Освен тоа, посочува дека пожарите во Козјачиот регион се гаснат со две противпожарни возила од осумдесетите години.