Над деведесет малолетници по полноќ затекна полицијата викендов
Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои, според дојавите, по 24.00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир, конзумираат алкохолни пијалоци и наркотични средства, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според СВР Куманово, по извршените контроли, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетни лица кои што биле предадени на нивните родители и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.