Високите дневни температури ги наполнија здравствените установи. За време на топлиот период во денот (од 10 до 17ч.) да се избегнуваат напорни физички активности, да се носи светла и лесна облека, да се внесува големо количество течност, пред се вода, а помалку храна, хронично болните редовно да ја земаат својата терапија. Ова се дел од препораките на лекарите за заштита од топлотниот бран.