МВР: 1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд на патиштата низ земјава, од вкупно 1336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено, 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.