ВИДЕО: Ќе се поставува бекатон на тротоарите на улицата „Братство и единство“

Ќе се постави бекатон на тротоарите на улицата „Братство и единство“ најави вчера претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, одговарајќи на новинарско прашање.

Станува збор за делот од улицата од ЈП „Чистота и зеленило“ кон детската градинка „Синоличка“ и зградата на поранешен „Козјак“, каде што секојдневно децата, нивните родители, граѓани на Куманово се изложени на опасност движејќи се по улицата, која е многу фреквентна.