Мотокултиваторите времено ќе паркираат на две локации во Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Совет, Ивана Ѓорѓиевска, секретарот на општината Емилија Сларидис Јаневска,  директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Ненад Стојановски, претставници од секторот за инспекција и комунални работи и заштита на животна средина и природата и претставници од СВР Куманово, денес одржаа состанок со сопственици на мотокултиватори. Целта на состанокот е разгледување на тековните состојби, предизвиците и можните решенија поврзани со користење на мотокултиватори,нивното влијание врз животната средина и урбаното живеење, како и определување на мерки што општината може да ги превземе во соработка со граѓаните. На состанокот беа определени локациите за времено паркирање на мотокултиватори и тоа: локација на влез на Спомен Костурница и на паркинг просторот кај поранешeн„Житомел„ (објект кај улица „Октомвриска револуција„). Исто така, надлежните институции се договорија да спроведат заедничка акција за расчистување на смет од диви депонии во која ќе учествуваат и сопствениците на мотокултиватори.