ВИДЕО: Димитриевски: Од пожарите причинета е материјална штета и на објекти и на површина со вегетација
Општинскиот штаб за заштита и спасување вчеравечер одржа состанок во просториите на Општина Куманово во врска со појави на пожарите, како и за мерките и активностите кои би требало да бидат преземени.
„На територијата на општина Куманово, денеска, од страна на ТППЕ Куманово е интервенирано со гасење на пожари на 13 локации, како и на гасење на опожарено возило при сообраќајна незгода. Интервенција е направена и во соседна општина. На дел од пожарите, интервенирано е и повеќе пати заради реактивирање. Од пожарите, причинета е материјална штета и на објекти и на површина со вегетација“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово, по состаноток на Кризниот штаб.
На состанокот договорено е и Одделението за информирање и односи со јавност при Општина Куманово, во координација со МВР – СВР Куманово, секојдневно да ги информираат граѓаните преку медиумите за тековните ситуации на терен, да испраќаат апели до граѓаните да не се опожаруваат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), како и да не се фрлаат отпушоци, за да не дојде до појава на пожари
Исто така, ОШЗС апелира до граѓаните да се воздржат од непотребни движења на отворен простор, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица, на дежурните телефони 193 и 112.