ВИДЕО: Кумановецот Стефан Петровски ќе пешачи до Крушево во чест на Илинден
32-годишниот Стефан Петровски од Куманово годинава ќе учествува во Илинденскиот пешадиски марш до Крушево, во чест на големиот македонски национален и православен празник, Илинден. Организатор е здружението Македонски аманет- Македонец за Македонец од Скопје.
Петровски ги повикува сите кои што можат и сакаат да го помогнат Илинденскиот пешадиски марш, тоа да го направат во пијалоци (вода, течности), спортска опрема…
Заинтересираните можат да го контактираат на следнава имејл адреса: stefan_valdes@hotmail.com.
Илинденскиот пешадиски марш може да се помогне и финансиски преку сметката на здружението Македонски аманет – Македонец за Македонец од Скопје.