Отсекот за превенција со препораки во врска со пожарите

Поради алармантната состојба на терен и честата појава на повеќе пожари истовремено, со што се создава ризик по животот и имотот на граѓаните, Отсекот за превенција при СВР Куманово денес одржа состанок со претставници на надлежни институции.

Донесени се повеќе заклучоци:

1. Претседателите на месните заедници веднаш да одржат состанок со месното население и укажат на внимание при работа со земјоделски машини. Комбајните задолжително да имаат ПП апарат и туби со вода;

    2. Секоја месна заедница да апелира до жителите сувата трева да се искоси и отстрани подалеку од куќите;

    3. Куќите и викендиците кои се до стрништа и шуми да направат заштитен појас околу објектите со правење бразди;

    4. Сите претседатели на месни заедници имаат обврска во наредните два дена да го известат ЕВН, доколку сметаат дека има спуштени жици од струја, за да екипите го санираат дефектот;

    5. Претседателите се должни да го информираат месното население да наполнат вода во буриња и туби, затоа што од страна ЕВН и ТППЕ беше кажано дека водата се исклучува поради ризик од човечки жртви.