Приведен крадец од Куманово
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 45-годишен кумановец кој што бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, а исто така се сомничи дека извршил и уште две кражби од приватни имоти, соопшти полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица, каде ги признал делата и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.