Здружението „Живот“ со гимназијалци од паралелки на српски наставен јазик учествуваа на манифестација во Аранѓеловац
Здружението „Живот“ од општина Куманово, заедно со ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ – паралелки на српски наставен јазик, викендов ја претставуваше српската дијаспора од Македонија на манифестацијата „Путевима српске историје, језика, културе и традиције“ 2025 во Аранѓеловац, Република Србија, објави здружението.
„Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ кои наставата ја следат на српски јазик се благодарни бидејќи ова беше нивното прво наградно патување овозможено од здружението „Живот“ и Владата на Република Србија“, посочуваат од здружението.