Пожарникарите со неколку интервенции изминатото деноноќие

Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале на неколку локации во Куманово.

Опожарена сува трева пожарникарите гаснеле во кругот на фабриката на ФЗЦ „11 Октомври“, интервенција имало и кај т.н. Пармакови ниви на запалена сува трева и отпад од гуми и пластика, опожарен отпад бил гаснет и во Средорек, а опожарено стрниште и сува трева било пријавено и во село Умин Дол.

Екипа на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирала во село Пелинце кај маало Мишинци, каде што била опожарена сува трева и ниска деградирана шума.