ВИДЕО: Манев: Недостиг на записничари во Основен суд Куманово
Основен суд Куманово работи со задоволителен број на судии, особено по последните четири нови вработувања во април годинава, како и по враќањето на работа на дел од судиите кои што заради различни оправдани причини времено биле отсутни, информираат надлежните.
Она што недостига за уште поуспешно функционирање на судот е поголем број на записничари. Барањата за вработување на дополнителен број записничари во Основен суд Куманово неодамна биле одбиени од Министерството за финансии, соопшти денеска претседателката на судот Снежана Манев.