ВИДЕО: Ќе се градат ли нови катни гаражи?

Кога ќе се проширува втората зона за паркирање и дали ќе се градат катни гаражи заради обезбедување дополнителни паркинг места и намалување на сообраќајниот метеж во градот, беше едно од советничките прашања на седница на Советот упатено до градоначалникот Максим Димитриевски.