Кумановец агресивно се однесувал кон полициски службеници
Од дневниот билтен на СВР Куманово ги издвојуваме настаните:
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 44-годишен кумановец бидејќи агресивно се однесувал и им се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија и носел остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 18-годишен кумановец затоа што кај него била пронајдена марихуана, а доцна во ноќта била приведена и 24 -годишна кумановка кај неа била пронајдена кафеава прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите против двете лица ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.