Кумановец ќе одговара за „фалсификување исправа“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Во текот на 2023 година, пријавениот набавил фалсификувана диплома од средно училиште од Скопје и ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас во јавно претпријатие во Куманово, соопшти полицијата.