Продолжен рокот за времено работно ангажирање на пожарникари
Општина Куманово ги известува граѓаните дека рокот за јавен повик за работно ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животна средина на локално ниво (пошумување) се продолжува до 23.07.2025 година.
Јавниот повик беше објавен на 10.07.2025 година и траеше до денес.
Сите заинтересирани невработени лица пријави за учество во оваа мерка, можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Куманово.