Затворен патот од Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ заради велосипедска трка
Авто-мото сојуз на Македонија информира дека денеска, во временски период од 10:00 до 15:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце, на потег од крстосница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка.