ВИДЕО: Подостоинствени пензионерски денови бараат дел од членовите на здружението 

Подостоинствени пензионерски денови бараат дел од членовите на здружението на пензионери од Куманово. Станува збор за група пензионери кои што ја користат просторијата на кумановското здружение лоцирана во поранешниот ресторан Парк, кај автобуската станица. Пензионерите бараат од актуелното раководство да се реновира просторијата, да се климатизира и да се обезбедат основни хигиенски услови и средства. Го повикаа членството в четврток ( 24.07.2025) на состанок во здружението на пензионери во 10 часот.