ВИДЕО: Големи штети предизвикаа пожарите изминатите денови
Екипи на ТППЕ Куманово во текот на изминатото деноноќие интревенирале на опожарена ниска шума во село Градиште, запалена сува трева и отпад во Проевце, а пожари гаснеле и во липковските села Слупчане и Оризаре информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пред неколку дена голем пожар го зафати село Табановце. Според мештаните, опожарени е над 40 хектари обработлива површина и околу 60 хектари шума и ливади.