Намалување на трошоците за струја за одредени категории граѓани
Министерството за енергетика донесe Решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и Решенија за стекнување на финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кој згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство, Согласно протоколот потпишан со ЕВН Хоме на месечна основа, најдоцна до 5-ти во месецот, контакт лицата од МЕРМС до контакт лицата од ЕВН доставуваат листи на корисници на кои треба да им се намалат фактурите за потрошена електрична енергија за актуелниот месец согласно Програмата.
Листите ги доставуваат до контакт лицата во електронска форма, на e-Mail адресата kontakt_ranlivi@evn.mk.
Секоја од листите треба да биде во Excel формат (.xls / .xlsx) и да содржи:
– Број на донесено Решение од Министерството,
– Број на корисник од базата на ЕВН Хоме
– Број на место на потрошувачка и
– Износ на директна финансиска поддршка.