ВИДЕО: Затворени за сообраќај повеќе улици в четврток неделава заради велосипедска трка
Повеќе улици во централното градско подрачје в четврток неделава ќе бидат затворени за сообраќај заради одржување на велосипедска трка во организација на Европскиот олимписки младински фестивал Скопје 2025, а истото се однесува и на регионалните патни правци околу градот и кон општина Старо Нагоричане.
За време на трката и општинскиот линиски превоз ќе се одвива отежнато. Засегнатите граѓани подетални информации за линискиот превоз можат да добијат доколку се јават во диспечерскиот центар на телефонскиот број 031 444 – 003, велат од општина Куманово.
Повеќе информации за улиците кои наизменично ќе бидат затворени за сообраќај на официјалната веб страната на Телевизија Плус.
-Поради одржување на велосипедска трка во организација на Европски олимписки младински фестивал Скопје 2025, преку Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово,
-Ги известуваме граѓаните дека на ден 24.07.2025 година (четврток), за сообраќај ќе бидат затворени следниве улици во општина Куманово:
– ул.„Гоце Делчев“ – од крстосница со улиците „Доне Божинов“ и „11 Октомври“ до крстосница со кружен тек на булевар „3-та Македонска ударна бригада“ и ул.„Бајрам Шабани“ (цело време додека трае настанот);
– Булевар „3-та Македонска ударна бригада“ – од крстосница со кружен тек (наведена погоре), до крстосница со регионален пат R1204 кај црквата „Св. Мина“ (патен правец Свети Николе – Крива Паланка) – само за време кога ќе поминуваат велосипедистите;
– Регионален пат R1204 (од крстосница наведена погоре) до крстосница со регионален пат А2 (кај „Алфи“) – затворен за сообраќај, со дозволени премини преку патот, освен кога ќе поминуваат велосипедистите и
– Регионален пат А2 (крстосница кај „Алфи) кон Општина Старо Нагоричане –затворен цело време додека трае трката.
Улиците ќе бидат затворени во период од 05:00 до 16:00 часот, заради подготовка за старт и спроведување на трката, наизменично, согласно погоре наведеното. Стартот на трката е предвиден за 10:00 часот и истата ќе заврши по 13:30 часот, по што ќе има свечено доделување на награди на плоштадот.
„Ги известуваме граѓаните дека за време на трката, општинскиот линиски превоз ќе се одвива отежнато, со делумно запазени линии од периферијата до најблиска можна точка во центарот и обратно. За повеќе информации во врска со линискиот превоз, граѓаните да се обратат во диспечерскиот центар на телефонскиот број 031 444 – 003. Ги замолуваме граѓаните на Општина Куманово за разбирање и толеранција, со цел беспрекорно одвивање на настанот“, посочуваат надлежните.